Холандските истражувачи ја пронашле врската меѓу слушањето гласна музика, пушењето марихуана и „недоследната употреба на презервативи“.
Значи официјално, навистина постои врска меѓу сексот, дрогата и рокенролот.
Студијата објавена во Службениот весник на Американската педијатарска академија, открила дека младите луѓе кои слушаат гласна музика во поголемиот број случаи користат и марихуана, а се впуштаат и во ризични сексуални односи најчесто без употреба на кондом.
Исто така, тие имаат шест пати поголема веројатност од претерано консумирање алкохол.
Истражувачите испитале 944 ученици и студенти на возраст од 15 до 25 години.
Еден од истражувачите изјавил дека знаеле дека овие ризични однесувања се поврзани, само требало и официјален доказ за тоа.