
Штом победи тимот за кој навива вашиот партнер тој веднаш добива желба за секс. Во моментите кога победува тимот за кој тој навива, се зголемува и нивото на тестостерон, што позитивно делува на нивното здравје.
Фудбалската грозница ја тресе Европа. Но, овој пат излгеда дека ќе ги затресе и брачниот кревет. Гледањето фудбалски натпревари може да го подигне расположението и да ги зближи партнерите.
На мажите им се зголемува желбата за секс штом победи нивиот тим. Се зголемува нивото на тестостерон, хормон кој води до подобар секс и го зголемува либидото.
Од друга страна пак, емотивниот стрес по поразот на тимот лошо влијае на двата партнера. Па така научниците откриле дека е зголемен број на срцеви удари не само кај мажите, туку и кај жените. Барем така покажало истражувањето објавено во магазинот Килиника на кардиолози.
„Жените се почесто гледаат фудбал, а ние мораме да ја откриеме поврзаноста меѓу мажите и жените. Кога мажот ќе се изнервира или вознемири поради поразот на неговиот тим, тоа ја вознемирува и партнерката“, изјавил Роберт Клонер, професор на Калифорнискиот Универзитет