Сексот за една ноќ е еден од најдобрите начини за побрзо да ја надминете болката од неуспешната врска, велат психолозите.
Случајниот секс без обврски е како лек за повреденото срце. Горчината од разделбата минува најбрзо со помошта на краткотрајна авантура со некој непознат, за кој знаете дека после таа ноќ никогаш повеќе нема да го сретнете.
Ендорфинот што се образува по време на секс помага за вашето добро расположение и ги пренасочува мислите од бившиот кон нешто позабавно, објаснуваат психолозите.
Според специјалистите најчестата причина поради која жените не се решаваат за еднократна авантура е самата помисла дека „добрите девојки“ не го прават тоа. Но експертите ве советуваат да се опуштите и да се радувате на она што ве прави среќни.
Наместо да се затворите дома во четири ѕида со самата себе и со болката од разделбата, излезете со луѓе, опуштете се, флертувајте и почастете се со секс за една ноќ. Можеби ќе остане на тоа, можеби ќе прерасне во нешто повеќе, но дефинитивно болката ќе ја нема.