Сексуален бонтон

popara1 август, 20121min00
seks

Сексот е приватна работа, секој го прави “тоа” на различен начин, но може да се каже дека постојат некои општи правила. Еве некои од најважните:

Биди чист

Жените поради мажите се бањаат, депилираат, нанесуваат различни креми, маски…

Најмалку што мажите можат да направат е да ги измијат забите, косата ушите…да ги исечат влакната од ушите и носот, но и да ги средат ноктите.

Исто така, треба да практикуваат искористениот кондом сами да го тргнат, како и амбалажата од истиот. Без оглед на тоа што презервативот двајцата ги штити од инфекции и непосакувана бременост, мажот би требало да биде џентлмен и да го превземе тој дел од “работата”.

Предиграта е важна

Предиграта започнува многу пред да се соблече долната облека, а се состои од разговор, движења, атмосфера…

Без чорапи
Жена во чорапи изгледа привлечно, но машкото во чорапи сигурно не. Кога ќе соблечеш сè од себе, не ги заборавај чорапите, без оглед на тоа дали се чисти, бели, спортски или „фенси“.

Не наредувај
Пожелно е да кажеш што сакаш, но тоа направи го суптилно и дипломатски. Земи ја раката на партнерот/ката и спушти ја таму каде што сакаш. Никогаш не наредувај, не барај, но не ни моли.

Почитувај ги туѓите желби
И партнерот има ерогени зони и омилени пози, не само вие. Исто така не ве возбудуваат исти работи, па затоа подгответе се за соработка. Не се убедувајте еден со друг на работи, пози, движења… за кои и двајцата во исто време не сте расположени. Полека, со тек на време ќе се усогласите.

Не зборувајте глупости
Некој сака тишина, а некој разговор за време на сексот. Ако спаѓате во вторите, внимавајте на тоа што зборувате. Не се фалете, тоа никого не возбудува „куче што лае не каса“ кажува народната поговорка. Затоа  молчете и покажете што знаете.

Не прашувајте како беше
Природно е секој да сака потврда после сексот како сè било супер но… ако навистина било добро партнерот сам ќе каже, во спротивно поставувањето на такво прашање ќе го доведе до непријатна ситуација. Лагата не е лесно да ја изговорите, но не и вистината ако навистина било лошо. Затоа молчете и пратете го говорот на телото на вашиот партнер после сексот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma