Сестри близначки спиеле со 355.000 мажи

popara27 септември, 20121min00
1

Близначките Луис и и Мартине Фокенс (70) од Амстердам 50 години работеле како проститутки и во тој период ‘забавувале’ 355.000 мажи.

Сестрите по повлекувањето од работата објавиле книга во која ги откриваат сите тајни на порно индустријата. Промовирајќи ја книгата во шоуто ‘This Morning’, близначките признале дека спиеле со 355.000 мажи.

Луис открила дека поради проблеми со артритис од работата се повлекла пред две години, а на проституција била принудена поради сиромаштија.

“Пријателите на мојот маж ни сугерираа дека тоа е најдобриот начин да се заработи, па затоа одлучивме да пробаме. Прво моите родители негодуваа, но подоцна се навикнаа да живеат со тоа”, изјавила Луис, која со проституцијата почнала да се занимава кога имала 20 години.

Нејзината сестра Мартине сè уште неколку пати во неделата задоволува машки клиенти.

“Кога слушнав дека сестра ми се занимава со проституција, јас бев во болница и го рoдив своето прво дете. Не можев да верувам. За да бидам поблиску до неа се вработив во бордел како чистачка, но по две години и јас се вклучив во таа работа”, изјавиla Мартине, која има три деца, додека Луис има четири.

Со текот на годините сестрите се ослободиле од макрото и отвориле сопствен бродел, а го основале и првото неформално здружение за проститутки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma