
Нивното име може да го најдете буквално на се – од фармерки, фустани, парфеми, пешкири до секаков вид на модни додатоци.
Следејќи ја семејната традиција да прават апсолутно се што може да им донесе пари, овој пат сестрите Кардашијан се одлучија да лансираат колекција на очила. Ким, Клои и Кортни ја објавија својата најнова реклама на која се обидуваат да ги презентираат очилата на секси начин.

Кланот Кардашијан нема зошто да се грижи. Ако не им тргне продажбата со оваа реклама, тука е секогаш Ким која може професионално да „изработи“ уште една секс лента, овој пат носејќи ги очилата. Е тек тогаш ќе се продаваат како алва.
