Хрватските медиуми денес шпекулираат дека поп ѕвездата Северина Вучковиќ е повторно бремена!
Пејачката е фотографирана вчера во моментот на пристигнувањето на островот Бриони со синот Александар, но новинарите забележале дека под транспарентниот фустан се познава стомакот. Веднаш започнаа шпекулациите дека се работи за повторна бременост, но менаџерот на пејачката тоа го демантирал, нагласувајќи дека поминале само пет месеци од нејзиното породување и дека таа не е целосно опоравена.
“Амбалажата се врати на свое, речиси е иста, можеби еден конфекциски број поголема”, изјавила Северина неодамна за еден магазин.