Северина не сака никаков контакт со таткото на својот син Александар, бизнисменот Милан Поповиќ.
Поп ѕвездата со детето поминала неколку дена кај својата мајка во Сплит, а потоа отпатувала за Згреб.
-Караниците се дел од нивното секојдневие. Ситуацијата стана неподнослива. Паднале многу тешки зборови од двете страни, по што Северина се спкувала заедно со својот син и го напуштила Милан. Тој е свесен дека Северина не сака да слушне за него, тоа му го кажала во лице, па тој не се ни обидувал да го спречи колапсот на нивната романса – нагласува преијателка на пејачката.
За време на вчераниот ден, Северина и Милан не одговарале на повиците. Ниту менаџерот на Северина, кој е познат по тоа дека ги демантира сите написи уште пред да се објават, за новиот настан не дал никаква изјава.