Северина и Милан повторно заедно?!

popara22 декември, 20121min00
MILAN-I-SEVERINA

Во ексклузивното интервју кое сопругот на хрватската ѕвезда Северина го даде за српската телевизија Б92, тој ги обвинува балканските медиуми и таблоиди дека шират лаги и невистини кои му го растуриле семејството. Милан Поповиќ за прв пат во последните неколку месеци на јавноста му ја понуди неговата страна на приказната за коај се зборува „од Вардар до Триглав“.

„Северина е моето злато, моето сонце, мојата душа и љубов, среќа и тага, мојата прва и последна љубов. Со раѓањето на нашиот син, Александар, нашата врска стана нераскинлива. Ние сме сега мама и тато и свесни сме дека среќата на нашето дете е поважна од тоа дали ние сме маж и жена, а и од сè друго, а тоа подразбира среќен и хармоничен однос на нас како родители. Ние не сме деца, па сега а се разделуваме од страв да не сме пропуштиле подобра можност. Ние сме двајца зрели луѓе и сигурен сум дека ќе најдеме начин да ги зајакнеме нашите односи во интерес на нашата среќа и нашето дете, и се надевам, и нашите идни деца. Многу е важно луѓето да научат да бидат среќни со она што го имаат, наместо да се несреќни за тоа што го немаат. Мислам дека сега, по точно две години љубов, кога сме конечно во можност да ги разбереме нашиот карактер, менталитет и воспитување, можеме да ја направиме таа одлука, па оваа мала пауза беше добредојдена, да сфатиме дека среќата на нашето дете е најважна и дека се што се случува со нашата врска, треба да биде во интерес на среќата и радоста на нашиот мал Александар. Жал ми е само што сум пропуштил три месеци од растењето на мојот син“, вели Поповиќ.

Тој се кае што навреме и поостро не ги демантирал озборувањата за неговите наводни врски со други жени.

„Оние озборувања за мене и Марија Каран или Ана Сакиќ дефинитивно ја повредија единствената жена што сакам, а делумно и јас сум виновен, бидејќи не ги негирав доволно гласно, но ќе сторам сé за да ја вратам нејзиниот доверба и љубов. Верувам во љубов, и кога срцето е во прашање, ако тоа беше вистинска љубов секогаш ќе биде таму, како ѕвезда на небото, таа не може да биде избришана. Верувам дека нашата љубов, љубовта со Северина е вистинска, лудо ја сакам мојата сопруга и син ми и мислам дека на крајот ништо не можеше да го уништи овој однос. Северина е совршена мајка која успеа да го искомбинира мајчинството со професионална работа, значи таа е совршена мајка и успешен професионалец, јас и се восхитувам и ја обожавам и поради едното и другото“, тврди Поповиќ.

Како место за својот исповед ја одбра токму Б92, телевизијата која ги поддржа акциите „Битка за бебињата“ и „Битка за породилиштата“, за кои Милан донира околу 700.000 евра, со кои меѓудругото,се купија 23 нови инкубатори и се помогна во многу болници и клиники низ Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *