Северина има нов дечко?!

popara25 октомври, 20121min00
severina

Прашината околу пејачката Северина Вучковиќ никако да се спушти. Само што објави дека веќе не е во љубов со таткото на своето дете, на концертот на Франкфурт добила 1.001 роза.

Хрватската поп пејачка Северина Вучковиќ добила 1.001 роза од естрадниот менаџер Александар Глишиќ на концерт во Франкфурт.

Неговиот гест измамил насмевка, но неколку дена криела кој успеал да ја израдува. Инаку, Глишиќ го организирал нејзниот настап и настапот на Драгана Мирковиќ во салата Унион минатата недела.

“Александар се потрудил во текот на престојот во Франкфурт на Северина ништо да не и’ недостасува. Од нивниот однос било јасно дека ги поврзува нешто повеќе од соработка и пријателство. Тој по концертот и’ подарил 1.001 роза.

“Кога Северина ја прочита пораката, кон Аца упати голема насмевка“, вели извор за српски “Пулсонлајн“.

Хрватската ѕвезда уживала во вниманието кое го добивала од менаџерот. После два месеци повторно е центар на светот на еден маж. Неговото друштво навистина и’ годело и се чинело дека го заборавила Милан.

Александар Глишиќ ги потврдува сознанијата на српскиот таблоид.

“Северина ја познавам со години. Јас ги купив розите. Ете толку!“, кратко рекол менаџерот.
Дали овој гест на внимание е погрешно инспириран или Александар навистина е во емотивна врска со Северина, не се сомневаме дека наскоро ќе се дознае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag