Пејачката Северина и бизнисменот Милан Поповиќ повеќе не се заедно, како што се шпекулираше во последно време.
Кога на крштевната на синот на Северина, малиот Александар Поповиќ, минатиот вторник, не се појавил неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, повторно започнаа приказни дека пејачката и “кралот на бакарот” веќе не се заедно. И додека Милан по медиумите изјавувал дека меѓу нив се е во најдобар ред, дека вереницата и синот многу му недостасуваат кога не се заедно, но и тоа дека Северина и тој размислуваат за посвојување на дете, сплитската естрадна ѕвезда го изјавила спротивното.
-Вистина е, не сме повеќе заедно.
Љубовната приказна помеѓу Северина и Милан започна пред речиси две години. Веќе во неколку наврати се пишуваше дека во нивниот однос нешто не ‘штима’, а ова и двајцата го демантираа. А кога минатата недела Милан не се појавил на важниот ден во животот на неговиот син, менаџерот на пејачката Томислав Петровиќ одбил да коментира. Затоа крштевката на Александар, било се што Северина сакала да открие. Сега сепак одлучила да стави крај на приказните, кои сепак биле вистинити