Шарлиз Терон, градникот си го пополнува со “чорапчиња“ :)))

popara16 јануари, 20121min00
The 23rd Annual Palm Springs International Film Festival Awards Gala

Иако има убаво лице и тело какви што повеќето жени може да сонуваат, Шарлиз Терон призна дека таа понекогаш користи “помагала“ за да изгледа подобро. “Се разбира дека и јас користам потполнки во градникот како и сите жени кои немаат големи гради”, изјави актерката. Во интервјуто за “W”, откри дека како девојче сонувала да биде балерина, но била премногу висока и имала премногу повреди за да создаде професионална кариера.

Актерката во моментот е сама, откако ја прекина врската со ирскиот актер Стјуарт Таунсенд, иако сеуште не сака отворено да зборува за нивната врска. Таа изјави дека медиумите често ја поврзуваат со мажи, но тврди дека ништо од тоа не е вистина. “Тоа е така кога имаш многу пријатели. Така беше со Кијану Ривс кога ме одведе на пријателска вечера. Ние сме најдобри пријатели, се познаваме 15 години”, вели Шарлиз. Исто така медиумите ја поврзуваа и со принцот Вилијам, но таа негира дека меѓу нив постои каква било врска. “Сакав да играм поло, па отидовме заедно, а заедно ќе работиме на еден проект во Африка. Навистина е одвратно како се шират озборувањата”, изјави Шарлиз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag