Иако во популарниот филмски хит играат лути ривали, хемијата на снимањето на едиторијалот за американскиот магазин W е неспорна.
Шарлиз Терон и Мајкл Фасбендер се ѕвездите на филмот Прометеј кој упадна во светските кина. познатите актери помеѓу останатото откриле , во кои сцени уживаат, а кои им се најтешки за снимање.
Успешните актери позирале за насловната на магазинот во провокативни и суптилно еротски пози. Шарлиз за неколку фотографии се појавила во секси црно издание и ја покажала својата заносна фигура. “Не сум опседната со своето тело. Немам проблем со голотија”, изјавила убавата актерка.
Ѕвездите откриле дека сцените со секс воглавно не се проблематични за снимање како што многу актери тврдат. Се зависи од тоа со кого се снимаат, се пошегувале. Мајкл сепак открил дека желбата за истражување на универзумот “спласнала” откако го гледал филмот “Прометеј”.
“Во универзумот би одел единствено ако не е онаков како што режисерот Ридли Скот го прикажува”, се пошегувал Мајкл.
Фимот Прометеј беше апсолутно најочекуван филм во кино салите, но критичарите не го делат мислењето на публиката па го поздравиле со “млаки” критики.