“Shayton е новиот Бог, Бог на брзината и перформансите. Побрз од ветрот, помоќен од бурата и убав како да е обликуван од натприродни сили.”
Shayton всушност значи “сокол” на “Sioux индиски јазик”, па ние се сомневаме дека нивниот прв супер-автомобил – е поставен да го зграби пленот, односно другите успешни супер-автомобили во Европа.
Shayton Equilibrium изгледа како предатор со своите агресивни линии и мускулест став. Неговата моќност произлегува од V12 мотор кој поседува 1084 коњски сили. Ова не е обично возикање низ градот, ова е од 0-100 км/ч за време од 2,9 секунди и максимална брзина од 400 км/ч.