Помошникот на министерот за внатрешна безбедност во САД и шеф на секторот за надгледување на имиграцијата и царинските премини, Сузан Бар поднесе оставка бидејќи нејзините колеги ја обвинуваа за сексуално злоставување и вознемирување на работа, пренесува Њујорк Тајмс.
Всушност, според тврдењата на вработените, Бар во Министерството поставила вистинска „војнички ред“, и се заканувала со откази доколку не се впуштат во сексуални односи со неа. Обвинувањата ги започнал бившиот висок функционер во Министерството, том Хејс, откако е сменет од својата позиција, а негово место дошла личност која не е компетентна и нема искуство од таа работа.
Хејс тврди дека е сменет бидејќи не ги исполнил желбите на својата шефица. „Фокс Њуз“ објави дел од текстот за тужбата, во која се наоѓа и сведочењето на злоставуваниот Хејс. Според неговите зборови, Бар ја барала својата „жртва“ на службените забави. На колегите им нудела орален секс и им зборувала како „ги сака во својот кревет“ и како „сака да почувствува нешто тврдо во својата уста“, се наведува во тужбата.
Со соопштение до јавноста се огласи и Бар. Таа тврди дека обвинувањата се лажни и само нечија желба да ѝ се уништи кариерата. За оставка се одлучила, како што се вели во соопштението, бидејќи не сакала да го извалка угледот на Министерството и дека тоа не е никакво признание за тешките обвинувања.