Иако се чини дека има се во животот, Шерил Кол признала дека и недостига маж во нејзиниот живот. Убавата пејачка отворено изјавила дека е “жена и дека сака секс”.
Шерил изјавила дека многу сака да стане мајка и дека го бара вистинскиот маж со кој ќе се смири и оформи семејство. Во разговорот со магазинот GQ изјавила дека би сакала да има дете.
“Опседната сум со деца. Причината зошто постојам е дека сакам да бидам мајка”, изјавила Кол.
Згодната пејачка признала дека фрлила око на принцот Хари, кој го смета за прекрасен човек. Проблем и претставува тоа што е една година постара од него.
Шерил не мирува ни на професионален план. Следниот месец ќе го објави синглот “Screw You”. Таа тврди дека песната не зборува за нејзиниот поранешен маж, фудбалерот на Челзи, но ни за Симон Ковел, продуцентот и член на жирито на емисијата “X Factor”.