Шест знаци кои покажуваат дека и се допаѓаш!

popara6 октомври, 20121min00
ljubov

Како да знаеш дали и се допаѓаш? Прочитајте ги шесте подглавја кои откриваат шест едноставни знаци, благодарение на кои можете слободно да тргнете во напад!

Провери, па навали!
Коса
Гооворот на телото може да го покаже се она што таа го крие. Различни постапки откриваат различни чуства, одредени постапки може да откријат дали е таа нервозна, дали и е досадно со вас или пак е заинтересирана или пак можеби веќе се гледа со тебе во нејзиниот или твојот кревет. Но, зошто да чекате толку? Можете да го направите тоа на шанк или во wc-то во кафичот. Шала на страна, нејзиното играње со косата е еден од првите знаци дека нешто се случува. Префрлување на косата од една на друга страна, вртење локни со прстот, мазнење на косата се веќе сигнали дека можеш да поминеш на следниот чекор.
Усни
Кога на една девојка и се допаѓа дечко од спротива, девојката тоа прво ќе го покаже со своите усни. Ставење кармин, сјај за усни, лижење на устата, грицкање на сламка или спор заводнички говор кој едвај излегува од уста , но со големо уживање. Знаеш што? И се допаѓаш!
Нозе
Прекрстување на нозете, може да биде знак за две работи. Прво, ако тоа се случува секој пат кога ќе ја погледнеш, тоа значи дека и се допаѓаш! Второ, ако тоа го прави без престан можно е на девојката да и се иде во wc, но незгодно и е да ти каже. Процени сам…
Допири
Случајни допири, рака на рака, нога на нога, рака на нога…Уште па и ако се повторува повеќе пати, да, на прав пат си!
Играње со рацете
Немирни раце може да биде симптом на нервоза, несигурност, но ако тоа го прави нежно и грациозно, можно е нејзината игра да значи нешто повеќе.Можеби сака да си поигра со тебе пред да си иде дома?
Поглед
Како што викаат, очите се огледло на душата. Може нејзината душа нема никаква врска со тоа, но нејзиниот долг поглед кој цели на тебе право во очи ти говори – Идеме на партија секс?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *