Познато е дека шипинките изобилуваат со висока концентрација на витамин Ц, што ги прави идеални за лечење на настинки и воспалителни процеси. Шипинката е богата и со каротин, витамин К и П. Истовремено шипинката е во групата растенија со највисока концентрација на калиум и натриум. Овие два елементи се полезни со тоа што ја стимулираат циркулацијата на крвта, размената на материи и имаат благопријатен ефект врз работата на мускулите. И уште нешто – шипинките се еден од најдобрите извори на железо. Најголемо количество железни соли има во добро узреаните шипинки.
Редовната конзумација на шипинки ќе придонесе за регулирање на вашиот метаболизам. Се препорачува за зајакнување на имуниот систем, како и за опоравување од тешка болест.
Се препорачува од лекарите при проблеми со варењето на храната, делува добро при гастрит, колит и чир. Исто така помага при лечење на болести на црниот дроб и камења во бубрезите.