
По актуелните модели може да се заклучи дека ова парче облека е задолжително за крајот на летото. Панталоните кои се со висок струк, широки, и малку покуси – доволно колку да ги откријат глуждовите се потполн погодок за крајот на летото.
Панталоните кои се актуелни се наречени „харем„ панталони, кои се малку модернизирани од оние кои ги носеле жените во харемот. Доколку се одлучите за вакви панталони, ги имате во голем избор на дезени имодели. Одлично се комбинираат со обични маички, свечени кошули…
Тие се како предвесник за она што не очекува оваа есен, а тоа е широката облека.
