Заменик претседателот на шкотската Влада Никола Стјурџон најавил дека наскоро ќе биде воведен закон за браковите од ист пол.
Најавениот закон го подржуваат сите водечки политички партии, додека за негово усвојување е потребна јавна расправа. Доколку се усвои наведениот закон, Шкотска ќе стане единствениот дел од Обединетото Кралство во кое ќе бидат дозволени геј браковите.
Владата на Обединетото Кралство веќе спровела јавна расправа за нацрт законот за бркови од ист пол, а тој предлог бил поддржан од премиерот Дејвид Камерон.
Официјалните лица од Обединетото Кралство се во исчекување на исходот од ваквата јавна расправа, па потоа ќе го преземат следниот чекор.