Шминка во стилот на Клеопатра

popara13 јануари, 20121min00
1

За оваа сезона стилистите предложуваат впечатлив и драматичен изглед кој потсетува на стилот на шминкањето на Клеопатра. За да се нашминкате како египетската фараонка Клеопатра, акцентот треба да го ставите на веѓите, а очите треба да ги истакнете со туш или креон. Овој вид на шминка се препорачува за вечерно излегување и за посебни прилики. Еве ви неколку совети како да се нашминкате во стилот на убавата фараонка:

Лицето најпрво намачкајте го со хидратантна крема, па нанесете течна пудра во нијанса потемна од вашиот тен. Наместо пудра во прав, на Т зоната ставете малку бронзер, а погрижете се пудрата и бронзерот да бидат добро размачкани за да не се познаваат.

Истакнете ги веѓите со моливче малку посветло од нивната природна боја. Можете и малку да ги зголемите, само внимавајте да не изгледаат вештачки.

На горниот капак од внатрешниот кон надворешниот дел со туш или креон повлечете линија веднаш до трепките која ќе продолжи постепено нагоре накај веѓите. Може да ставите сенки во бронзени, бакарни или златни тонови. Ставете два или три слоја од црна или кафена маскара.

Со оглед на тоа дека акцентот треба да биде ставен на вашите очи, за усните употребете пастелни розеви нијанси или нанесете само сјај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag