Шокантна исповед: “Моите родители ме тепаа и ме тераа цела ноќ боса да стојам пред куќата”

popara28 ноември, 20121min00
zloupotreba

Шокантната приказна за злоупотребата на родителите ја раскажала 20- годишната девојка која веќе шест месеци се наоѓа во Осиек во безбедно засолниште. Кога стигнала во Безбедната куќа била тешка само 41 килограм.

“Мама и тато ме избркаа од дома. Почнаа да ме бркаат кога бев средно училиште. Заминав во друг град и таму бев во Младинскиот дом. Пред крај на средното училиште ме тераа да се омажам за да си заминам. Родителите немаа пари и не можеа да ме поднесат. Често морав да бидам надвор во дворот. По цели ноќи не смеев да влегувам во куќата и кога врнеше снег или дожд. Стоев боса, во кратка облека, во дворот покрај куќата и плачев, ја раскажува својата потресна приказна 20-годишното девојче. Злоупотребувањето се случувало кога и за време на викенд или за празници доаѓала од училиштето во другиот град.

“Кога доаѓав дома, морав и парите од месечниот надоместок кој го добивав во домот, да го дадам на мојот татко за цигари, а кога немав, полудуваше. Парите ги штедев за влошки, но родителите ми ги земаа парите, па јас наместо влошки во гаќите ставав крпи. Често ме тепаа, чекаа да израсне свежа коприва, па ме жареа од глава до пети. Во дворот имавме овошје кое ми забрануваа да го берам, а ако земев некое јаболко да си ја олесна болката во мојот стомак од глад, бидејќи со денови не јадев, татко ми многу се лутеше, викаше, ме тепаше. Ми беше забрането да земам и парче леб”, вели злоупотребуваната девојка.

Таа е само една од седумте брача и сестри кои и понатаму живеат со родителите-насилници. Меѓу децата е и нејзината една година постара сестра која во Центарот за социјални работи потврдила дека е вистина сето тоа што нејзината сестра го раскажува, но тврди дека неа не ја злоупотребуваат.

Но, девојката од  Безбедната куќа вели нешто друго: “Мојата 21-годишна сестра поминува низ истото. Ние две спиевме на душек на подот . Облеката ја чувавме во стариот ладилник во летната кујна каде некогаш моравме да спиеме иако таму нема греење. Кога некој доаѓаше на гости јас и мојата сестра моравме да бидеме надвор или заклучени во соба или во шупа за да не не видат”, се сеќава на ужасот 20-годишното девојче.

Родителите кои го злоупотребувале девојчето добиле кривични пријави поради насилно однесување во семејството. Ако бидеат осудени им се заканува казна затвор од шест месеци до пет години.

Иако нејзините тинејџерски денови родителите и ги претвориле во пеол, 20-годишното девојче планира подобра иднина.

“Собрав малку пари и би сакала да заштедам за лаптоп и чевли додека сум тука. По професија сум помошен готвач и би сакала да се вработам. Тука имам што да јадам, на топло сум и многу сум благодарна на сите што имам кров над глава, но би сакала да работам и да започнам нов живот”, вели жртва на семејно насилство.

Нејзините родители и порачале дека не сакаат ниту да ја слушнат ниту да ја видат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma