
Ана Бирн, 35-годишна мајка на две млади момчиња, се самоубила откако дознала дека близнаците кои ги носи се машки деца.
Таа страдала од депресија, а поради тоа примала и терапија. Но и покрај тоа, таа решила да си го одземе животот, а во моментот на трагедијата била во деветти месец од бременоста.
Нејзиниот сопруг вели дека Ана очајно сакала да има ќерка. Тие двајца веќе имале два сина, а тогаш Ана била бремена со близнаци, исто така момчиња.
На кобниот ден, Ана излегла од дома и се поздравила со сопругот, му рекла дека го сака. Но откако не успеала да го земе нивниот син од училиште, сопругот Тери се загрижил и нејзиното исчезнување го пријавил во полиција.
Мајката била пронајдена удавена, а во нејзиниот автомобил е пронајдено проштално писмо.
Нејзиното семејство вели дека сакаат да ја поттикнат свеста кај младите мајки и бремени жени, а воедно и да ја искористат нивната трагедија за да се образуваат мајките околу депресијата и нејзиното лечење.