Шведскиот ловец на богатство Питер Линдбург во својата кариера открил многу драгоцености. Истражувајќи го дното на океанот, наишол на бројни предмети со голема вредност.
Но, неговото најново откритие е поинтересно од досегашните. Скенирајќи го дното на Балтичкото море, наишол на необичен облик за кој ниту океанографите не можат точно да одредат што е.
Линдбург е уверен дека станува збор за објект кој ќе му донесе досега најголема заработка, бидејќи смета дека станува збор за срушена вонземјанско летало.
На тоа оди во прилог и трагот кој се простира зад „срушеното летало” и обликот на објектот, но за сега сите свои мислења ги темели на снимката на скенерот со оглед на тоа дека нема опрема која може да стигне до толкава длабочина и подетално да истражи за што всушност се работи.
Повнимателното истражување, се надева, ќе се спроведе во мај, а интервјуто со ловецот на богатства и што експертите мислат за неговото откритие секако погледнете го во следново видео:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=73SVXSiEE5U