Што е за вас романтичен гест?!

popara19 јули, 20121min00
romanticno

Дека мажите се од Марс, а жените од Венера покажува и едно ново истражување во кое е истражувана машката и женската перцепција за романика. Додека за жените романтичен гест е држење за рака во јавност, мажите сметаат дека нивните партнерки ќе ги освојат ако им дозволат на ТВ да гледаат програма по своја желба.

Во анкетата, која е спроведена од страна на ланецот продавници “Sainsbury’s” учествувале повеќе од 2.000 луѓе, а главен заклучок е дека мажите сметаат дека за романтика е доволно да се занимаваат со домашните обврски кои не се типично машки. Одговори на прашањата “што е за вас романтичен гест?”, давале и мажи и жени, а разликите се очигледни веќе во првите неколку одговори.

Најбизарните работи кои мажите ги сметаат за романтични:

  1. Пеглање
  2. Миење садови
  3. Фрлање ѓубре
  4. Чистење на масата после јадење
  5. Ако на партнерката изненадно и пријдат од позади
  6. Воздржување од пуштање гасови во спалната соба
  7. Прифаќање за гледање на романтична комедија
  8. Подготвување на кафе или чај
  9. Да и дозволат на партнерката да бира што сака да гледа на ТВ
  10. Ставање алишта за перење

Работи кои жените ги сметаат за романтични:

  1. Готвење без претходна најава и прашања
  2. Слушање за тоа како го поминала денот
  3. Да се понуди да ги чува децата додека таа е на шопинг
  4. Држење за рака во јавност
  5. Оставање љубовни пораки низ домот
  6. Да се сети на годишнината
  7. Бакнеж пред да излезат од дома
  8. CD за во кола со нејзината омилена музика
  9. Придржување врата
  10. Подготвена топла купка за неа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *