Што кажуваат деталите во неговиот стан за него?

popara21 јули, 20121min00
man

Дали е незрело дете,”контрол-фрик”, нарцис или нешто друго, лесно се открива ако покрај неговото однесување обрнете внимание и на неговиот дом. Со првото влегување во просторот во кој живее, добро разгледајте кои работи се наоѓаат тука, затоа што тие работи можат да го откријат неговиот карактер подобро отколку што вие би откриле и после повеќе состаноци.

ВО ОРМАРОТ Е СЕ ПОД КОНЕЦ

Можно е тој да е конзервативен тип кој сака да контролира, а редот му е многу важна работа во животот. Но,  ако и другите работи во станот му се наредени “под конец”,можно е тој да е тип кој ќе се откаже од врската штом во неа ќе се појави било каков предзнак за проблеми или препреки.
Ако маиците, панталоните и долната облека се наредени по боја, тоа може да биде прв знак за бегство.
Мажите кои се екстремно организирани често се чувствуваат многу лошо кога ќе се најдат надвор од својата сигурна зона и тогаш паничат.-Вели психологот Сет Мајерс.

Ако и покрај сето тоа ве следи каде и да одите и ви се потресува премногу, дури е и малку нервозен, размислете дали сакате да бидете со него. Сите тие се предзнаци за посесивност и претеран перфекционизам, кои најчесто укажуваат дека иако неговите работи се совршени, врските најчесто не се.

ПЛЕЈСТЕЈШ’Н,ВИ…

Можно е овој тип на “фраер” едноставно да сака игрици и опуштање после работа, но големи се шансите да е незрело дете заробено во тело на маж, кое се плаши од сериозни одговорности и односи. Ако неговите денови имаат рутина, а неизбежен дел од тие рутини е играњето игрици, тешко дека ќе можете да се вклопите во неговиот живот.
Односот тестирајте го веднаш на почетокот и договорете состанок во време кога тој стандардно игра игрици.
Иако овие типови можат да бидат изразено забавни, не се добар “материјал”за жените кои сакаат сериозна врска и подлабок однос, советуваат стручњацоте.

ПРЕНАГЛАСЕНА СЕКСУАЛНОСТ

Ако веднаш откриете повеќе двд-ија со порно филмови кои не ги подготвил пред вас, а на компјутерот има порно старлета или има неколку еротски календари по станот, голема е веројатноста да е тип кој немал долго време секс. Полоша варијанта е да е прикриен зависник од секс кој не се ни труди да го сокрие тоа, дури и смета дека е баш “фора” што е отворен околу  својата сексуалност.
Разоружајте го со коментарите дека и вие ги обожавате машките еротски календари,дека ве фасцинира изгледот на порно глумците и слични изјави.Ако и тогаш не потклекне или не се посрамоти,веројатно станува збор за незрел и несфатен тип на маж од страна на жените.

СЕКАДЕ ИМА СВОИ ФОТОГРАФИИ И ОГЛЕДАЛА

Ако забележите дека во неговиот стан има премногу огледала и фотографии на кои е самиот тој, големи се шансите да имате работа со нарцис. Таквите типови се прилично зљубени сами во себе и многу брзо стануваат “женско” во врската во која подолго се  разубавуваат од вас.
Ако и низ разговор воочите дека необично често речениците ги започнува со”јас”,добро размислете дали можете да бидете во врска со некој кој има толкава потреба за внимание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag