Во свет на модерна и понекогаш бизарна виртуелна комуникација и ова е возможно…
Според едно онлајн истражување во Америка, голем број на мажи би се одрекле од својата понежна половина за само еден фенси iPad.
11% од ергените попрво избирале нов iPad, отколку жена во нивниот живот. Истото истражување открило дека 3% од мажите би ги откачиле своите партнерки само за да добијат нов iPad.
За иронијата да биде уште поголема, 44% од испитаниците признале дека ги користат апликациите на своите паметни телефони за да ги решат проблемите во врската.