Џенифер Лопез на својот дечко, танчерот Каспер Смарт му приредила големо изненадување за 25 роденден.
Покрај тоа што го почестила со интимна вечера, ЏејЛо не штедела пари на 18 години помладиот Каспер му подарила камион Dodge Ram.
Лопез претходно знаела дека Каспер сака во својата колекција еден таков камион, па сметала дека роденденот е вистинска можност за ова големо изненадување.
“На Каспер денес му е роденден, се надевам дека ќе му биде најсреќниот до сега”, објавила Лопез на својот Твитер профил.
По шопингот и ручекот на Беверли Хилс, двојката роденденската прослава ја продолжиле со вечера и забава во познатиот клуб Cecconis во Холивуд. Потоа со група пријатели уживале во италијанската храна и скапоцено вино од приватна колекција.
Славеникот на прославата се се појавил со новиот подарок.
http://www.youtube.com/watch?v=XyClCjlAM00