Што не треба да им се прости на мажите?

popara18 мај, 20121min00
s1

Британски социолози направиле анкета во која учествувале  500 претставнички на понежниот пол, со цел да откријат кои се најлошите гевови кои тие не би им ги простиле на своите партнери.

Тие изработиле список со петте најголеми машки грешки кои не заслужуваат да им биде простено. Погледнете за што станува збор:

На прво место е лошото однесување со децата. 97% од жените изјавиле дека не прифаќаат вакво поведение и дека не би можеле да живеат со ваков човек до себе. Едногласно изјавиле дека веднаш би побарале развод, без ни малку размислување доколку се најдат во слична ситуација.

Неверството е вториот грев според резултатите од анкетата. Ваквото предавство на брачниот сојуз не би го заборавиле и не би го простиле 75% од дамите.

На трето место се наоѓа мрзливоста како машка карактерна црта. Дури 65% од жените изјавиле дека не би сакале да живеат со ваков човек под ист покрив, а ако веќе се во брак, категорично би побарале развод. За нив е неприфатливо мажот да лежи на двоседот и да не прави ништо.

Зависността од игрите на среќа е уште еден голем недостаток, со кој жените не би можеле да се помират.

А на последно, петто место се мажите кои недоволно се грижат за својот надворешен изглед, каде секако учествува и лошата лична хигиена. Што се однесува до мене, би го поставила ова на прво место, но така размислуваат жените по светот во глобален план.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag