Мажите кои доживуваат најмалку два оргазми наделно имаат двапати поголеми шанси да живеат подолго од просекот, потврдиле истражувањата. Покрај тоа што го намалува стресот и физичкото и менталното здравје, научниците тврдат дека 100 оргазми годишно ја намалуваат смртноста за 50% и го продолжува животот со осум години.
И тој може да глуми
Тоа дека мажите не можат да глумат оргазам е само мит. Ејакулација и оргазам се две различни работи, а можно е мажите да доживеат оргазам и без исфрлање на спрема. Ејакулацијата е резултат на акумулација на сексуална возбуда која предизвикува затегање на мускулите околу простатата. Тоа затегнување и опуштање на мускулите предизвикува исфрлање на сперма.
Сексуалната тензија предизвикува грчење на лицето
Различни видови на нерви во половината го контролираат оргазмот. Како сексуалната тензија се собира, така мажите чувствуваат ритмичко затегнување и опуштање на мускулите на карлицата што го објаснува грчењето на мускулите на лицето и испуштање на звуци. До тоа немора секоја пат да дојде во исто време со ејакулацијата.
На врвот на сексуалната моќ оргазмот може да трае и по 30 секунди
Мажите сексуланиот врв го достигнуваат во почетокот на 20-тите. Тогаш нивната желба е најголема, а оргазмите се најинтензивни. Во овој период тие можат да имаат секс и по неколку пати на ден, а оргазмот може да им трае и по 30 секунди.
Ако заспие веднаш после сексот, виновна е генетиката
По сексот на мажите им се потребни само пет минути да заспијат, додека на припадничките на понежниот пол им се потребни 20 до 30 минути. Причината за тоа се крие во хормонот окситоцин, кој е одговорен за ерекција и ејакулација. За време на сексот неговото ниво се зголемува, што резултира со поспаност и замор. Жените тоа не ги погодува, бидејќи со состојба на мирување имаат повисоко ниво на окситоцин од мажите.