Дури 11 милионери од 10 кинески градови објавиле оглас преку кој бараат жена.
Сепак поради своите несекојдневни барања привлекле големо внимание од медиумите.
Така девојките несмеат да бидат помлади од 18 но и постари од 28 години.Мораат да бидат високи од 160 до 175 сантиметри, да имаат звршено факултет и нормално да се слободни.
Тоа е потребно за да дојдат само на разговор, а дури потоа можеби ќе можат да влезат во потесниот круг.
Во вториот круг ги чека преглед од естетски хирург кој ќе утврди дали имале некоја операција, а ако имале ништо од бракот.
Потоа во следниот круг ги чека психолог на кој ќе мора да му објасни што е за неа бракот и фамилијата.Покрај се ова мораат да бидат воспитани и пристојни и мораат да имаат барем еден посебен талент