Кога станува збор за забавни паркови, луѓето или ги обожуваат или едноставно не помислуваат да губат време тука.
Така е во светот на славните и познатите личности – Ким Кардашијан со својот сакан Кание била во забавен парк, на возење кое не остави никој рамнодушен.
Затоа, за да им покаже на верните фанови колку добро се забавувала, споделила неколку фотографии на својот Твитер профил. Судејќи според нив , не дека и било толку забавно! Всушност, додека Кение и нејзината млада сестра Кендал добро се забавувале, изразот на Ким – зборува се! 32-годишната реалити ѕвезда доста се преплашила, што се забележува и на фотографиите.
“Magic Mountain забава! Кандал врескаше, Кание се смееше а јас плачев. Сега и официјално се плашам од височини”, објавила Ким под фотографијата.