Најпозната по улогата на Миранда од “Сексот и градот”, Синтија (45) уште еднаш покажа дека актерките се во состојба да направат се за улогата.
Во овој случај, актерката во претставата “Wit” ја игра професорката по поезија Вивијан Беринг која боледува од рак.
Својата нова фризура актерката ја покажала на утринската емисија “Live With Kelly”.
Првото прашање кое водителката и го поставила било: “Што има ново?”.
“Отсекогаш ме интересирало како е да бидеш ќелав. И можам да ви кажам дека ми се допаѓа. Но, не планирам засекогаш да останам ќелава”, изјавила Синтија.
http://www.youtube.com/watch?v=15viRWYyITg&feature=player_embedded