За да се добие одговорот на прашањето, вкрстени се истражувањата на илјада нутриционисти, па од внимателно избраните намирници, составено е мени од три вкусни јадења.
Кога би сакале за вечера да го изедете најздравиот оброк на светот, кои намирници би требало истиот да ги содржи??? Ова се запрашале во групата за истражување Leatherhead, а за да добијат одговор, после повеќемесечно истражување, нутриционистите направиле најздраво мени за вечера, кое се состои од три вкусни јадења.
Првото, се состои од свеж и димен лосос и леб направен од најразлични семки и е богат со влакна. Другото јадење е пилешко со сос од мешан зеленчук, во комбинација со зелена салата, зачинета со маслиново масло. Како десерт, може да јадете млечно желе, со ореви и карамела.
Ниедна од состојките не е одбрана случајно. Научниците воделе сметка за тоа која од нив е богата со омега – 3 масло ( добро за холестеролот ), која со протеин ( за мускулна маса ), а што ја подобрува еластичноста на крвните садови ( оревите ).