Што вели науката за љубовта

31 октомври, 20120
ljubov

Румените образи, забрзаниот ритам на биење на срцето и потење на рацете се само неколку показатели на заљубеност. Меѓутоа во самиот организам се појавува и хормонска непогода, што претставува јасен знак дека Купидон ја пуштил својата аморова стрела.
Купидонова хемија
Кога станува збор за љубовта, ние сме на милост и немилост на биохемијата. Една од најпознатите научници од оваа област е Хелен Фишер од Универзитетот Руџерс во Њу Џерси. Таа верува дека луѓето се заљубуваат во три фази и секоја од нив вклучува различен коктел на хемикалии.
Фаза 1: Потреба
Потребата ја создаваат сексуалните хормони тестостерон и естроген. Тестостеронот не е резервиран само за мажите, тој игра и голема улога во либидото на жените. Овој хормон ќе ве тера едноставно да го барате партнерот.
Фаза 2 : Привлечност
Ова е фаза кога сте преполни со занес од заљубеноста. Тогаш нема да размислувате на ништо друго освен на личноста која ве освоила, а некои одат до таму што неможат да спијат, губат апетит, и поминуваат со саати во мечтаење за новата љубов.
Фаза 3 : Врзување
Оваа фаза овозможува да вашата врска со партнерот трае подолго, затоа што луѓето и партнерите неможат да останат засекогаш во фазата на привлечност. Врзувањето е долгорочна посветеност која ги поврзува подлабоко партнерите. Два хормони се битни во оваа фаза окситоцин и вазопресин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi