Првиот брачен танц за многумина е момент кој не се заборава. Но што тој говори за двојата, дали таа е среќна или…
“At Last“ на Ета Џејмс најчесто ја избираат невести кои од мали сонуваат и ја планираат својата свадба.
Somewhere Over The Rainbow ја избираат двојки кои се итри, необични и чудни.
Френк Синатра е избор на двојката која сака да им угоди на своите родители.
I Will Always Love You на Витни Хјустон не е најдобра песна за свадба. Сепак оваа песна зборува за крај на една голема љубов, па не е најдобро да го играте првиот брачен танц токму на оваа нумера.
Сродните души избираат песна од кралот на рок ен рол музиката, Елвис Присли.
Песна со инди ритам избираат модерните двојки, кои сакаат да нагласат дека имаат посебен вкус за музиката.
Бери Вајт е за онаа двојка која сака да се забавува, а исто времено и на гостите да им приреди незаборавна вечер.
Песната од цртаниот филм Аладин A Whole New World најчесто ја бираат едвај полнолетни парови кои прават свадба или пак некои големи фанови на Дизни.
Let’s Get it On на Марвин Геј не ја избрале младенците туку нивните родители.