Штом срцето ќе посака…

popara22 март, 20121min00
111

–        Искрено кажано веќе и не се сеќавам како звучеше „те сакам“. Можеби времето навистина лекува…

–        Хм…јас се сеќавам. Да ти кажам убаво беше…Кога ќе си помислам на тоа сеуште ги чувствувам пеперутките во стомакот…без разлика што не сум ги слушнал зборовите веќе долго време, рече срцето.

–        Да, сепак и јас неможам да го заборавам првиот пат, кога ги слушнав…

„Те сакам“ не може да биде заборавено. И дури да заборавиш како звучело, не можеш да заборавиш како те натерало да се чувствуваш.

А скриеното „те сакам“, кога сакате да го кажете, кога ве гори од внатре, но решавате да замолчите…тоа е најголемиот грев. Зошто срцето посакало, а вие сте му откажале, сте му забраниле. Љубовта не е дадена за да биде криена и собирана во касичка за црни денови. Но тоа никој не го разбира…затоа забораваме како звучи нејзиниот и неговиот глас. Гласот на љубовта и гласот на срцето…А ако нема кој да ги слушне, има ли смисла да продолжат да зборуваат???

И сепак, ако сакате некого, но не сакате да му го кажете, зошто сметатате дека така е „подобро“…во грешка сте – не е подобро. Едноставно кажете „те сакам“. Штом срцето посакало…значи е правилно.

И најважното – посакајте го на глас, тоа што го сакате. Да, на глас, што има чудно во тоа? Ако сами не можете да ги изговорите своите мечти  и желби, ако не ги слушнете како звучат, тогаш како очекувате другите да ги слушнат? Како очекувате да се остварат?!

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag