Арнолд Шварценегер повторно ќе се појави во една од своите најпознати улоги – тој ќе ја репризира улогата на Конан Варваринот во престојното продолжение, објави Universal Pictures.
Шварценегер, кој има 65 години, ќе се појави во улогата на Конан по 30 години откако глумеше во филмот „Легендата за Конан“, улога која го „лансираше“ како холивудска ѕвезда.
„Отсекогаш го сакав ликот на Конан, и почестен сум што имам шанса пак да го глумам“, изјавил Шварценегер.
„Конан Варваринот“ (1982) и „Конан Уништувачот“ (1984), во кои глумеше Шварценегер, заработија повеќе од 70 милиони долари и се едни од најуспешните филмови во кариерана на поранешниот гувернер на Калифорнија.