Има една древна легенда за малите жапчиња кои решиле да се надпреваруваат, искачувајќи една многу висока кула. Се собрала голема толпа зјапачи и никој од нив не верувал, дека малите жаби ќе успеат да се искачат на таква височина. Постојано им довикувале: Патот е премногу тежок! Нема начин да стигнете до врвот! Кулата е толку висока! Тешко е! Никој од вас нема да успее! И жапчињата постепено, едно по едно почнале да се откажуваат. Останало само едно малечко жапче, кое единствено од групата успеало да стигне до врвот на кулата. Откако бил прогласен крајот на надпреварот и победникот, сите други жапчиња посакале да дознаат, како точно тоа успеало да се искачи. И за чудо на сите вистината била следнова – жапчето имало проблеми со слухот, било глуво и не слушнало ништо…
Заклучоците се повеќе од јасни:
Да не ги слушаме негативните коментари на другите, да не им придаваме апсолутно никаква важност. Тие претставуваат кочници и демотиватори, кои не прават да се сомневаме во нашата сила и увереност за постигнување на своите мечти и цели.
Да бидеме глуви кога луѓето се така „добри“ и ни велат дека не можеме да го постигнеме она што го сакаме.
Да ги подржуваме и мотивираме „малите жабчиња“ зошто тие имаат потреба имено од тоа – љубов, вера, инспирација и мотивација.
Секој од нас треба да си каже: Кланицата на поразот не е моја судбина! Секогаш ќе го правам следниот чекор! Ако тоа не помогне, ќе направам уште еден и уште еден…
Да бидеме позитивни!