Ете и тоа измислија… сега можете да ја одржите врската на далечина со помош на овој електронски уред ќе може да се бакнувате со партнерот преку интернет.
Професор по роботика од Сингапур ја измислил оваа справа која личи на мала галва со големи силиконски усни, а е наречена Kissenger ( скратеница од “Kiss Messenger”), а ја претставил на една научна конвенција во Британија.
Во моментов овој уред се подготвува за комерцијална продажба.
„Може да се користи како средство за подобрување на комуникацијата меѓу луѓето и двојките“, изјавил креаторот на овој уред Хуман Самани.
Двојките треба само да го поврзат уредот за компјутер со помош на УСБ кабел, се поврзуваат преку интернет и да почнат да ги бакнуваат силиконските усни чии сензори се придвижуваат, а потоа ги поместуваат и оние на другата страна.
Еве видео за тоа како функционира овој уред:
http://www.youtube.com/watch?v=oSckuNlzQdM&feature=player_embedded