Силувал малолетничка, а потоа ја додал на Фејсбук

popara21 октомври, 20121min00
silovanje

Милан Џ.(22), жител на Србија, во јули силувал малолетничка(17), но полицијата не го пронашла сѐ додека својата жртва не ја побарал за пријател на Фејсбук. Таа го препознала и го пријавила.

Полицијата во Смедерево го уапсила М.Џ. под сомнеж дека на осми јули околу 3:30 часот на улицата Џуро Даничиќ, заканувајќи се и користејќи физичка сила, силувал малолетна девојка. Тој ја следел додека се враќала дома и кај локалната црква ја присилил на сексуален однос. Девојката истиот ден го пријавила силувањето, но до силувачот не можеле да допрат.

Дури два месеци подоцна, откако тој сакал да и стане пријател на Фејсбук, девојката го препознала и веднаш го пријавила на полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma