Шкотланѓанецот Ијан Блејк кој сега живее во јужноисточна Англија и кој аматерски се занимава со фотографирање, ги собрал овие камчиња и од нив направил отисоци од стапки. Не само што камчињата се необични сами по себе (и убаво аранжирани), туку и се одлично сликани и целата композиција е едноставно прекрасна.