Сите патишта водат кон Шпанија

popara22 септември, 20121min00
y8

Покрај кризата и нестабилноста во земјата, оваа година во Шпанија е забележана рекордна посетеност на туристи кои не престануваат да се воодушевуваат на оваа земја и да ги откриваат нејзните магии.

Туристичката посета во Шпанија во август месец била најголема од 1995 година, бидејќи тој месец земјата ја посетиле 7,9 милиони луѓе. Познатите плажи, Барселона, Каталонија, Андалузија и Канарските острови се она што најмногу ги привлекува туристите кои дошле во оваа земја.

Последната во низа атракции во Шпанија е фреската „Ecce Homo“ која ненадејно привлекла огромен број на туристи.

„Во првите девет месеци Шпанија ја посетиле 40,7 милиони туристи, односно 3,6 проценти повеќе на годишно ниво“, се наведува во соопштението од минстерството за индустрија.

Британците се број еден странски туристи кои ја посетуваат оваа земја, бидејќи 24,1% од нив ја посетиле, а потоа се французите со 21,7, па германците со 13%.

Ова лето било исклучително успешно во туристичкиот сектор на Шпанија, бидејќи уште во јули месец беше надминат рекордот од 7,7 милиони посетители. Туризмот е клучниот сектор во шпанската економија и претставува 10% од бруто домашниот производ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag