Сите понекогаш паѓаме, но разликата помеѓу силните и слабите е во времето што го трошат за да се исправат!

popara28 февруари, 20121min00
14

Човек е силен, кога се смее и покрај болката…Човек е смел, кога ќе го надмине стравот и ќе помогне на останатите да го надминат нивниот. Човек е добар, кога сопствената болка не го прави слеп за болката на другите…Човек што ги прави другите луѓе среќни, не може да биде несреќен. Но ако посичиш некого со прст, не заборавај дека останатите четири сочат во тебе!

Сите ние живееме за она што се надеваме да го најдеме зад аголот и забораваме да се насладуваме шетајќи по улицата.

Јас го молев животот за сила, тој ми даде тешкотии, за да ме направи силен. Јас молев за мудрост…а ми даде проблеми за решавање. Јас молев за богатство, но животот ми даде мозок и мускули, за да можам да работам. Јас молев за да можам да летам, но животот ми даде препреки. Јас молев за љубов…а животот ми даде луѓе на кои можам да им помогнам. Не добив ништо од тоа за кое се молев…но добив се што ми било потребно.

Можеби и не се сеќавате, но првите чекори на сите вас биле несигурни. Сте паѓале многукратно, сте си ја чукнале главата или коленото, но сте се исправиле. Сте научиле да одите. Сте научиле да трчате. Сте успеале да стигнете до тука. Браво за вас! На истиот начин по кој сте научиле да одите вие се учите да правите и се останато. Правите неколку проби, ги правите првите неколку чекори, се залетувате, паѓате. И повторно се исправувате. Тоа е тајната на животот и лекциите што мора да ги научиме – повторно да се исправиме! Додека вака постапувате, никогаш нема да сте победени од животот.

Никогаш не се предавај!

Ако не можеш да леташ – обиди се да трчаш!

Ако не можеш да трчаш –  не престанувај да чекориш!

Ако не можеш да чекориш – тогаш ползи!

Но што и да правиш…никогаш не престанувај да се движиш напред!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag