Филмот „Клип“ кој изобилува со експилицитни сцени и оргии на малолетници бил одобрен од Министерството за култура. За работите да бидат уште полоши, главната глумица имала 15 години кога го снимила филмот.
Филмот „Клип“ на Маја Милош, кој изобилува со еротски и експлицитни секс сцени, голотии на малолетници бил финансиран од Министерството за култура на чело со Предраг Марковиќ. Во филмот глумела Исидора Симијоновиќ која имала 15 години тогаш. Во сцените јасно се гледаат половите органи на актерите и актерките.
За случајот да биде полош авторката не предупредува дека филмот не треба да го гледаат деца под 18 години, без оглед на тоа што тој изобилува со порнографски сцени.
Целиот филм е придружен со вулгарни зборови, несоодветни содржини, пијанчење, дрогирање, оргијање, ужасен однос на тинејџерите со родителите, а најлошто е што ниту една сцена не е цензурирана.
„Министерството го финансираше овој филм. Во него глумат и малолетни и полнолетни лица. Со малолетниците работеве исклучиво со согласност од нивните родители. Филмот се занимава со младите и нивните проблеми. Мислам дека треба да се покрене дискусија за проблемите на младите, а не да ги буткаме проблемите под тепих“, изјавила авторката Маја Милош.
Министерството и самиот министер несакале да дадат изјава за овој скандал!
httpv://www.youtube.com/watch?v=nLJy69ir1KA