Погледнете ја тепачката во парламентот на Молдавија која избувнала за време на дебатата за трошење на јавните пари.
Досега се навикнавме да гледаме тепачки во парламентот на Украина, но најновата физичките пресметки доаѓа од Законодавниот дом на Молдавија. На тепачката на пратениците и претходеле сочни пцовки и лични навреди.
Тепачката почнала кога пратеник од Либералнодемократската партија, Александар Кимбрикијук, член на владејачката коалиција го турнал пратеникот од Комунистичката партија Јуриј Мунтеан, бидејќи го опцул.
Мунтеан поради тоа со тупаница во лице го удрил Кимбрикијуг, додека другите пратеници се обидувале да ги разделат…
http://www.youtube.com/watch?v=j99rEQjwCTY&feature=player_embedded