Тоа никогаш не престанува да не изненадува со своите шокантни настапи, облекување и изјави, но дали навистина секогаш е таков?
Шоуменот Боки 13 добил покана за прослава на роденден на личност, која, како што тој вели, му е близок пријател. Со оглед на тоа дека од својата куќа не излегува без шминка и нападна облека, овој пат не изненади сите. Закопчан речиси до грлото, со многу малку шминка на лицето и без фризура Боки 13 воопшто не личи на себе.
-Вечерва отмено и во отмено друштво на роденден кај мој драг пријател… love you all!- напишал тој покрај својата фотографија.
Дали вие ќе го препознаете во ова издание?