Скијатос, грчкиот остров кој ги опушта сите сетила…

popara25 мај, 20122min00
1 (7)

Една од најубавите и најпримамливи дестинации за одмор, е грчкиот остров Скијатос. Местото со преубави шуми, песочни плажи и бујна вегетација…

Островот е сместен во Егејското море  на северозапад и се протега со должина од 12 и ширина од 6 километри. Тоа го прави поволен и атрактивен за обиколка. Инаку спаѓа во групата острови Спорада, која ја сочинуваат 4 преубави острови. Доста е динамичен и посетен за време на Јули и Август…

Поради неговата популарност, во последните години се забележува пораст на бројот на туристи, а со тоа се менува и самиот концепт на островот… Сé поголем е бројот на  модерни хотели, апартмани, ресторани и таверни кои се протегаат на брегот. Главниот град на островот, го носи истото име, Скијатос. Во него се наоѓаат две пристаништа, покрај кои се сместени разни кафулиња, продавници, пешачки зони и сите содржини потребни за еден совршен одмор.

Јужната страна на островот е позната по преубавите плажи со кристално чиста боја на море. Локалните жители истакнуваат дека можеби најдобар период за посета на ова место е Септември, кога бројот на туристи е значително помал…

Ако сеуште немате одлучено која ќе биде Вашата летна дестинација…Овој остров е идеална можност за да донесете одлука… Токму сега !!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *