Медот е стар пријател на здравјето, убавината и младоста. Кон овие карактеристики нема како а да не додадеме дека медот е ефикасно средство и за слабеење.
Природниот мед содржи шеќер, но и витамини и минерали. Овие материи се неопходни за растварањето на мастите и холестеролот.
Зошто уште утре не пробате да воведете нов утрински ритуал? Потребни ви се само лажица мед и чаша топла вода.
Оваа на прв поглед едноставна комбинација го подобрува процесот на варење на храната, го стимулира метаболизмот, ја активира размената на материи – неопходни процеси за слабеењето.
Уште подобри резултати ќе имате ако на тоа додадете и сок од еден лимон и малку канела. Овие две компоненти имаат исто така изразени силни својства и се заедно претставува волшебна формула која многу ќе ви помогне.
Пијте ја смесата секое утро на гладно. Нека стане ваша животна навика. Ќе ни бидете благодарни за советот што ви го препорачуваме!