Потребни состојки:
- Околу 500гр пилешко
- 2 чешниња лук
- Сол и бибер
- Мелена чили пиперка
- Половина црвен кромид
- 1 црвена пиперка
- 2 помали моркови
- 2 помал праз (само долниот бел дел)
- 100гр шитаке печурки
- 60гр кафеав шеќер
- 120мл соја сос
- 2лаж. сок од лимон
- 3чешниња лук
- 3см.нарендан свеж ѓумбир
- 120мл вода
- 7 лаж. скробно брашно
Начин на подготовка:
- Припремете го пилешкото, истријте го со лук, посолете, побиберете и посипете чили пиперка , исечена на парчиња од околу 3 на 3 см.
- Подгответе го зеленчукот: кромидот поделете го на 4 дела, па раздвојте го на ливчиња, празот исечете го на кругчиња, во дебелина од околу 1см, црвената пиперка исечете ја на парчиња, исто и морковот на стапчиња, а на печурките извадете им ги дршките и исечете ги на листови.
- Пилечкото испржете го на малку зејтин, па извадете го од страна од тавата, во истата тава додадете го зеленчукот по следниот редослед : празот и кромидот, па по 2 мин морковот, потоа пиперката и на крајот печурките.
- Кога зеленчукот ќе омекне, извадете го накратко од тавата, а во него додадете ги сите состојки за сос освен водата и скробното брашно. Кога смесата ќе изврие, додадете ги и скробното брашно, разматено во вода, па во тавата вратете ги пилешкото и зеленчукот.
- Варете го сето ова 2 минути на умерен оган, се додека сосот не се згусне. Се служи со ориз…
Пријатен апетит..